ПО ПОВОД 50 ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ОДНОСИ СО СТРАНСТВО НА ИС НА СОБРАНИЕТО НА СР МАКЕДОНИЈА

Годинава се навршуваат 50 години од формирањето на Секретаријатот за односи со странство на ИС на Собранието на СР Македонија. Со цел за давање скромен придонес во одбележувањето на овој значаен јубилеј на македонската дипломатија, во продолжение се изнесени одделни мои белешки и видувања на оваа тема, што се содржани во мојот “Дипломатски дневник“ во пишување.

                                  *     *     *           

Според одделни сознанија[1], првите никулци на македонската надворешно-политичка државна институција се појавиле уште во далечната 1958 година, кога при Кабинетот на претседателот на Владата на НР Македонијана, Лазар Колишевски била формирана Работна група[2], со задача да собира соодветна документација во врска со одредени прашања од надворешнополитички карактер, од интерес за Владата и другите републички органи.

Бирото за документација[3]при Кабинетот на Претседателот на Владата на НР Македонија, што било формирано во 1960, во 1966 година било преименувано во Уред за документација на Владата, кој пак во 1969 година, со зголемени надлежности и состав, се трансформирал прво во Биро за односи со странство, а потоа во Секретаријат за односи со странство (СОС) на Извршниот совет на Собранието на СР Македонија. Во 1978 година оваа институција се преименува во Републички секретаријат за меѓународни односи (РСМО), додека во 1982 година, во Републички комитет за меѓународни односи (РКМО).

До 31 март 1975 година, со горенаведените институции на извршната власт, во различни интервали,  раководеле: Ванчо Апостолски, Димитар Колемишевски, Благој Михов и Васко Христовски. Почнувајќи од крајот на март 1975 и сé до 1987 година, РСМО/ РКМО беше раководен од Томислав Симовски. Негов долгогодишен заменик, односно еден вид негова “десна рака“, му беше Ахил Тунтев, познат општествено-политички работник и дипломат. Во периодот од 1987 и сé до промените во 1990/1991 година, РКМО извесен период беше раководен од Александар Димитров, а потоа од Милчо Балевски и Борис Рикаловски. Во 1988 година РКМО се преименува во Републички секретаријат за односи со странство (РСОС), а истата година кон овој секретаријат се приклучи дотогашниот Републички комитет за економски односи со странство (РКЕОС). Во 1990 година РСОС се преименува во Министерство за односи со странство, додека во 1994 година, оваа државна институција го доби името Министерство за надворешни работи на Република Македонија.

Во периодот сé до уставните промени од 1974 година федералните единици на ФНР/ СФР Југославија надлежностите од областа на надворешната политика ги имаа “пренесено” на надлежните сојузни органи, но и покрај тоа тие имаа активно учество во усогласувањето и спроведувањето на одредени надворешнополитички активности на земјата, посебно на планот на соработката со нивните непосредни соседи. Во врска со надлежностите на федералните единици на СФР Југославија, на надворешно-политички план, чекословачкиот Амбасадор во Белград, во 1968 година, го напишал следното

Учеството на Македонија во утврдувањето на меѓународната политика на СФРЈ, иако таа не се заснова на некои уставни или на законски мерки, таа е доста интензивна, а за некои прашања забележлива и решавачка. И присутните организациски форми се веќе на почетокот на своето конституирање и развој. Во народното собрание (македонскиот парламент) пред два месеца се конституира Комисија за надворешна политика. Во Извршниот совет (владата) веќе подолго време постои т.н. Документарна канцеларија, која има 7 стручни работници, кои се во тесна врска со Државниот секретаријат за надворешни работи и со Одборот за надворешни работи на Сојузното собрание во Белград, ги следат и ги проучуваат документите, прават анализи и подготвуваат стручни мислења од гледна точка на СР Македонија, а во врска со прашањата кои поблиску се однесуваат на политичките или стопанаските интереси на Македонија. Имено, станува збор за развојот на ситуацијата по прашањата со кои Македонија е директен сосед (Бугарија, Грција и Албанија), а во односите и врските на СФРЈ со нив. Веќе неколку години се применува принципот според кој ниту едно прашање во односите со НР Бугарија, Грција и Албанија не може да се реши без учество и согласност со (иако формално право на вето не постои) соодветните органи на СР Македонија. Интересот на Македонија во тие релации е интерес и на СФРЈ…..Што се однесува за кадровската застапеност на Републиката во службите за надворешни работи, особено во политичките дипломатски функции, постепено се реализира принципот на паритетна застапеност на сите републики. Во рамките на републичката застапеност треба да се исполни пропорционалноста на припадниците на националните малцинства. Македонските Албанци веќе имаат двајца претставници во дипломатските служби, а Турците моментално се подготвуваат за испраќање во идната ротација“[4].

Со уставните промени од 1974 година правата и обврските на федералните единици на СФР Југославија и на овој план се зголемија уште повеќе, при што се овозможи  нивно непосредно учествуво во утврдувањето и спроведувањето на надворешната политика на земјата[5]. Носители на оваа активност, покрај другите институции, беа и републичките/ покраинските секретаријати за меѓународни односи[6].

“Посебните“ интереси на СР Македонија од областа на надворешната политика беа: а) односите и соработката со соседите; б) статусот/ положбата на македонското национално малцинство во земјите од непосредното соседство и в) македонското иселеништво во странство.          

Федералните единици посебна активност на овој план покажуваа и во развојот на одделни форми на соработка со земјите од непосредното соседство, како и со автономните покраини/ федералните единици на одделни земји во светот[7]. Така, на пример, СР Македонија, покрај соработката во одделни области со Албанија, Бугарија и Грција, мошне плодна соработка развиваше со Провинцијата Џјангси (Jiangxi) – НР Кина, со Областа Дрезден (Dresden) – ДР Германија, Онтарио (Ontario) – Канада, Покраината Емилија Ромања (Emilia Romagna) – Италија, со Узбекистанската Република (O’zbekiston Respublikasi) – СССР, Крајова (Craiova) – Романија и др. Плодна соработка се одвиваше и меѓу Скопје и други градови на СР Македонија со градови во разни земји во светот.

Во годините сé до приклучувањето на колегите од РКЕОС, во РСМО работно беа ангажирани околу 70 лица, од кои околу 50 од нив беа дипломатски кадар. Инаку, во југословенско време шансите на вработените во РСМО/ РКМО за заминување на работа во ДКП на СФР Југославија во странство беа мали и селективни. Затоа, со исклучок на бројот на амбасадорските места што се одредуваше според т.н. “републички/ покраински клуч“, на пониско ниво,  ретки беа случаите некој од нашите колеги вработени во РСМО/ РКМО да бидат избрани за таква мисија. Нашите колеги – кадри од СР Македонија, кои беа вработени во Сојузниот секретаријат за надворешни работи (ССНР) формално ги имаа истите шанси како и нивните колеги од другите федерални единици, но во целина гледано, нивната застапеност во Сојузниот секретаријат и во југословенските ДКП мислам дека не беше ист во споредба со нивните колеги од поразвиените републики. “Дискриминацијата“ на кадрите од помалку развиените републики/ покраини посебно доаѓаше до израз при изборот на кадрите за “поважните“/ “поатрактивни“ ДКП на СФРЈ. Имено, кадрите од СР Македонија и САП Косово, со ретки исклучоци, главно се упатуваа во земјите од Африка, Азија или Јужна Америка, додека местата во југословенските ДКП во Европа и САД беа “резервирани“ за кадрите од поразвиените федерални единици. Инаку, во ССНР постојано “се регрутираа“ кадри од сите федерални единици на СФР Југославија, што значи и од СР Македонија. Поголемиот дел од тие колеги директно се упатуваа во ССНР во Белград, додека еден мал дел од нив прво се вработуваа во републичките/ покраинските секретаријати, а потоа преминуваа во ССНР.

Во тоа време мене на двапати индиректно ми беше понудено да размислам за мој евентуален ангажман во Амбасадата на СФРЈ во Тирана, но како преведувач од албански на српско-хрватски јазик и обратно, и во Амбасадата во Брисел, за евентуален ангажман со југословенската емиграција. По консултациите и советите што ги добив од неколку поискусни колеги и двете понуди “ги симнав од дневен ред“, првата како несоодветна, а втората како неинтересна за мене.

                    *     *     *

Во знак на сеќавање и длабока почит, во продолжение се напишани имињата и презимињата на сите лица, кои во периодот од 1958 до 1990 година, во разни својства и функции, беа работно ангажирани во горенаведените институции на НР/СР Македонија. На веќе починатите колеги нека им е лесна земјата и вечна слава, додека на сите преостанати колеги (пензионери или сé уште активни), од сé срце им посакувам добро здравје, многу среќа и радост.

Длабоко се извинувам доколку во долунаведениот список не фигурира името на некој од лицата, кои во наведениот период биле ангажирани во наведените институции на НР/ СР Македонија.

Список на лицата вработени во  Секретаријатот[8] за односи со странство на ИС на  Собранието на НР/ СР Македонија, во периодот од 1958 до 1990 година:

              1. Ванчо Апостолски

              2. Димитар Колемишевски   

              3. Благој Михов

              4. Васко Христовски

              5. Томислав Симоски

              6. Ванчо Андонов

              7. Вања Тошевски

              8. Наум Начевски                                                         

              9. Милчо Балевски,

            10. Борис Рикаловски

            11. Ахил Тунтев   

            12. Александар Димитров

            13. Петар Чокревски                                    

            14. Најден Настев

            15. Бранко Кафкалески

            16. Никола (Ниче) Златевски                     

            17. Ѓорѓи (Џони) Илиевски                                    

            18. Гордана Мишковска                                                         

            19. Ристо  Блажевски

            20. Трајан Петровски

            21. Ристо Шанев

            22. Васил Панов                               

            23. Петре Наковски

24. Димитар Башевски

            25. Михаил Стефанов

            26. Андон Мојсов                                                             

            27. Благој Зашов

            28. Миомир Ристовски 

29. Зоран Ковачевски

30. Никола Тодорчевски                   

            31. Стојан Руменовски

            32. Лилјана Наумова Марчетиќ   

            33. Љубен Србијанко                       

            34. Вера Чутаноска

            35. Владимир Шопов

            36. Јордан Веселинов                                                            

            37. Ленче Митева Аврамовска

38. Петре Митев

            39. Лина Огненова

            40. Огнена Никулска                       

            41. Драган Јањатов

            42. Љупчо Арсовски            

            43. Константин  Дораковски 

            44. Фердана Елмазовиќ  Алтанај                                                     

            45. Јошко Станковиќ

            46. Салим Ќерими

            47. Веска Сотировска

            48. Ангел Иванов

            49. Владимир Ортаковски

            50. Владимир Чупевски                  

            51. Трајче Илиевски

            52. Димитар Стаменков                  

            53. Снежана Трифуновска

            54. Огнен Малевски                        

            55. Сашко Тодоровски

            56. Сашо   Бражански

            57. Лиљана  Бидикова Станковска            

            58. Димитар Бидиков

            59. Јелена Цветановска

            60. Димитар Гелев

            61. Владимир Мандичевски      

            62. Вукица Кртолица

            63. Васил Пановски

            64. Зоран Јолевски

            65. Миле Гиев

            66. Митко Јаневски

            67. Симо Ефтимов

            68. Зоран Босотов

            Колегите од РКЕОС кои се приклучија во РСМО:

1. Борис Чаловски

              2. Круме Ефтимовски

              3. Невенка Котева

              4. Софија Ашикова  

              5. Блага Марковска

              6. Владимир Симеонов 

              7. Иванчо Стефанов

              8. Зоран Какашев

              9. Гордана Јанковска

            10. Драгица Зафировска

            11. Миљана Петревска

            12. Лиљана Митровска

            13. Верка Митановска

            14. Јорго Туфа

            15. Јелена Ќосевска

            16. Вангел Пановски

Преведувачи:

1. Милена Цекова (француски)

            2. Марија Јовановска (англиски)

            3. Огнена Малевска (англиски)

            4. Артемиза Пота (англиски)

            5. Данче Миничиќ (германски)

            6. Биљана Биљановска(англиски)         

            7. Верица Модану (кинески)     

            8. Нинослав Јанкуловски (кинески)

Работна група/ Биро – Уред за документација:

1. Ванѓа Чашуле

            2. Рада Шекеринска

            3. Нада Панова

            4. Тони Саздовски

            5. Елена Бражанска

            6. Мица Тунтева

7. Милтијадис Количевски

            8. Коста Пановски

            9. Љупчо Герасимовски

          10. Стево Тинтовски

          11. Хаки Имери

          12. Власто Видоевски

          13. Лиљана Плевнеш

          14. Бојан Димитров

          15. Верица Мојсова Плазибат

          16. Радика Секуловска                

          17. Шерефедин Мустафа

          18. Мира Стојановска

          19. Костадинка Лембанова

          20. Милка Долгова

          21. Магбуле Пољоска

          22. Љубица Дамјановска

          23. Славица Матевска

          24. Анета Шкартова

Технички персонал:

1. Весна Ацева

            2. Цвета Димовска

            3. Бранка Минчева

            4. Загорка Стојановиќ              

            5. Љубица Јанковска

            6. Менка Шундовска

            7. Симка Исаковска

            8. Љубица Василевска                          

            9. Петранка  Дуковска 

          10. Славица Станковска     

          11. Нацка  Огненовска  

          12. Маре  Михова       

          13. Василка Трипкова                

          14. Билјана Наумовска

          15. Петко Зенговски

          16. Митре Анчевски                                       

          17. Ристо Аврамовски

18. Пецо Јовановски и

          19. Спасе Симоновски

           Скопје, 21 април 2019 година                            

            Подготвил: Салим Кадри Ќерими                               


[1] Овој прилог е подготвен врз основа на моите сеќавања и белешки за настани, на дел од тој период, податоците во врска со ова прашање што се содржани во книгата на Ахил Тунтев: “Република Македонија прва декада (1990-1999)“, Книгоиздателство МИ-АН, Скопје 2005 г., стр.405-409, на информациите што, на мое барање, ги добив од одделни мои колеги и пријатели, како и од други извори.

[2] Во состав на оваа Работна група биле: Ванчо Апостолски, Иван Тошевски, Васко Христовски и Ванѓа Чашуле.

[3] Првите неколку години, Бирото за документација, во кое биле вработени само околу 10 лица, било сместено во зградата на Собранието на НР Македонија, а пота било преместено во Зградата на Републичкиот завод за статистика.

[4] Државен архив на Република Македонија, “Чехословачки дипломатски документи за Македонија  (1939-1975)“, Книга 3, Избор и редакција д-р Новица Велјановски и д-р Јан Рихлик, стр.364-365, (Извадок од Белешката на чехословачкиот амбасадор во Белград Ладислав Шимович занеговиот разговор со потпретседателот на Владата на СР Македонија Ќамуран Тахир и секретарот на Извршниот одбор на ЦК на КПМ проф. д-р Славко Милосавлевски, во Скопје, на 28 јули 1968 година).

[5] Устав на СР Македонија (1974), Глава IX, Член 316, Став:1: “СР Македонија учествува рамноправно со другите социјалистички републики и со социјалистичките автономни покраини во утврдувањето и спроведувањето на надворешната политика на СФР Југославија и на нејзините односи со други држави и со меѓународни органи и организации“.

[6] Секретаријатот за меѓународни односи на СР Македонија главно работеше на документација, анализа и подготвување предлози/ ставови, платформи и сл., кои одеа на усвојување и одобрување од страна на ИС и Претседателството на Републиката, кои беа носители на оваа соработка.

[7] Устав на СР Македонија (1974), Глава IX, Член 316, Став:2: „СР Македонија остварува соработка со органи и организации на други држави и со меѓународни органи и организации, во рамките на     утврдената надворешна политика и меѓународните договори на Југославија“, и Став: 5: „СР Македонија ја усогласува и насочува соработката на општините, организациите на здружениот труд и другите самоуправни организации и заедници со соодветни странски и меѓународни органи и организации и со административните единици на странски држави!“.

[8] Како што претходно беше изнесено, Секретаријатот за односи со странство на СР Македонија, во својот историски развој, почнувајќи од појавата на првите никулци на надворешно-политичката  институција на НР Македонија, во состав на ФНР Југославија, и сé до неговата трансформација во МНР на Република Македонија, како самостојна држава, имал разни надлежности и функции, и бил именуван со различни имиња.

One thought on “ПО ПОВОД 50 ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ОДНОСИ СО СТРАНСТВО НА ИС НА СОБРАНИЕТО НА СР МАКЕДОНИЈА

Leave a comment